Почнува судењето за терористичките напади во Франција од 13 ноември 2015 година

8 mins read

Судењето за исламистичките терористичките напади од 13 ноември 2015 година почнува денеска во Специјалниот кривичен суд и треба да заврши во мај 2022 година, тоа е досега незапаметен судски процес во историјата на Франција, јави дописникот на МИА.

Судење, кое е одраз и на истрагата што доведе до обвинение на 348 страници објавено на 16 март 2020 година, што треба да даде одговор на злосторствата извршени пред речиси шест години, во кои загинаа 130 луѓе, а стотици други беа повредени. Како и на обемот на терористичкиот заговор што беше насочен кон Франција, со сите детали на заговорот, просветлен во обвинението.

Ако судењето во Париз, се разбира, ќе биде судење на дваесеттемина обвинети, четиринаесет присутни и шестмина (вклучително и петмина за кои се претпоставува дека се мртви) кои ќе бидат судени во отсуство, тоа исто така ќе биде можност да се навлезе во организацијата на нападите на „Стад де Франс”, „Терасите” (напади против шест ресторани и кафулиња во 10-ти и 11-ти арондисман) и концертната сала Батаклан. Без големо изненадување, обвинетиот со најголема медиумска покриеност, Салах Абдеслам, единствениот преживеан од терористичките командоси, се очекува да има исто однесување а како и во Брисел во 2018 година. Суден за престрелка непосредно пред апсењето во Белгија во 2016 година, тој пред судот изјави: „Не се плашам од вас, не се плашам од вашите сојузници, од вашите соработници, јас верувам во Аллах и тоа е сè, нема што да додадам”. Прашањето е дали другите обвинети повеќе ќе зборуваат на десетмесечното судење.

Полно со детали, редоследот на обвинението објаснува како овие луѓе, но и водачите на групата Исламска држава и деветте членови на командосите кои беа убиени на 13 и 18 ноември (за последните двајца, вклучувајќи го и оперативниот водач, Абделхамид Абаауд), успеаја да сеат терор. Фокусирајќи се прво на „генезата” на нападите: „Според информациите собрани од француските и странските служби, Исламската држава во 2014 година формираше вистинска структура наменета за планирање и организирање терористички напади во странство”.

Од крајот на 2014 година до август 2015 година, оваа надворешна оперативна единица подготвува операција од големи размери. Нема напад без логистичка база. Тоа ќе биде Белгија, со создавање на „поздаинска база” околу браќата Ел Бакрауи (бомбаши самоубијци од Брисел во 2016 година), братучеди на шефот на ќелијата. Потоа, откриваме извесен Абделхамид Абаауд, познат на белгиските судови во 2014 година, иден лидер на командосите на 13 ноември. Тој истражува две писти.

Една успешна: употреба на мигрантската рута, преку Балканот, за да се инфилтрираат терористи во Европа. Другата, на почетокот неуспешна: спонзорство на напади во Белгија и Франција. Мигрантската рута, Абаауд ја „тестираше” за прв пат на крајот на 2014 година – почеток на 2015 година. Од Турција, тој отиде во Грција кон крајот на декември со двајца џихадисти и ги пушти да се вратат во Белгија. „Предупредена за претстоен план за напад, забележува обвинението, белгиската полиција го пронајде скривалиштето на овие двајца командоси (во Вервиер) и упадна во него на 15 јануари 2015 година. (…) Двајцата терористи беа застрелани”. Потоа планот на Сид-Ахмед Глам, кој уби 19-годишна Французинка во Вилжуиф на 19 април 2015 година, но е повреден и не успева во својот план за масакр. Потоа, на ред е Ајуб ел Хазани, кого Абаауд го придружува од Сирија во Белгија преку мигрантската рута од мај до август 2015 година. На 21 август 2015 година, ел Хазани се обидува да изврши масакр во Талис … Уште еден неуспех, поради храбрите патници.

Обвинението заклучува: „Абделхамид Абаауд беше вклучен во бројни криминални проекти, од кои сите пропаднаа или поради неподготвеноста на сторителите или нивното предвремено апсење од полицијата”. „Може да се замисли, забележуваат истражните судии, дека терористичката организација ги анализирала направените грешки и ги зела предвид во подготовка за големите напади што ги планираше”.

И ова се докажа во практиката. ДАЕШ (француско-арапската кратенка за Исламската држава) не му забележува на Абаауд за неговото фијаско, можеби затоа што нејзините лидери знаат дека искуството од мигрантската рута е многу поважно од неколкуте неуспеси. Затоа, тој останува како лидер, според судиите, „од крајот на август – почетокот на септември 2015 година, подготовките влегоа во многу поактивна фаза со доаѓањето во Белгија на искусни борци, донесени од Сирија, по балканска рута. Следејќи ја маршрутата слична на онаа што ја доживеа неколку недели претходно (од Абаауд), преправајќи се дека се сириски бегалци, а потоа Салах Абдеслам ги упати со лажни белгиски лични карти од Унгарија или Германија до Белгија и скриени во скривалишта изнајмени „од белгиската ќелија.

Обвинението понатаму прецизира: „Периодот од три месеци што го дели пристигнувањето на првите борци на нападите во Париз, исто така, го искористија терористите да ги добијат средствата неопходни за производство на експлозивот ТАТП, да го произведат овој и многу најверојатно да се стекнат со пушките што се користеа на 13 ноември 2015 година”. Помеѓу 1 септември и 14 октомври 2015 година, не помалку од дванаесет џихадисти „од Сирија пристигнаа во Белгија во пет групи” и се населија во четири скривалишта.

Сѐ се организира во Белгија: производство на експлозив (според обвинението, „ТАТП и појасите за експлозив мора да се произведени од 8 октомври 2015 година и неколку дена пред нападите”); потрагата по оружје („и покрај бројните истраги извршени за оваа намена, не може да се утврди потеклото на пушките користени од командосите на Терасите и командосите на Батаклан“).

Опремени, вооружени, терористите потоа можат да ги направат последните подготовки, помеѓу 9 ноември и денот на нападите (изнајмување автомобили, скривалишта во Ил-де-Франс, купување телефони). Можеби најстрашен е фактот дека, според обвинението, „целите на нападите беа утврдени неколку дена пред настанот“.

Многу цели „беа разгледани во есента 2015 година и во деновите пред нападите”. Терористите на тој начин ги „избраа” своите цели од „каталог” каде, покрај местата опустошени на 13 ноември, ги најдовме и Сен-Сир, военото средни училишта, католичка младинска асоцијација, бар во Брисел, белгиска касарна. Пострашно е планот на белгиското училиште со овој коментар: „Десетици градинки“.

За судењето е предвидена специјална судница со посебно внимание за жртвите на терористичките напади, целото судење ќе биде снимено за архивите на француското правосудство.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Подготовките за локалните избори влегуваат во финале

Следно

Системот рестартиран, пописот продолжува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian