По состанокот со ЦИК, Радев ќе одлучи дали во Бугарија се можни претседателски и парламентарни избори во еден ден

1 min read

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ќе ги прими членовите на Централната изборна комисија за да се запознае со нивното мислење дали е можно да се одржат истовремени претседателски и парламентарни избори, објави прес-центарот на претседателството.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, се очекува дури по средбата да се знае дали претседателот на Бугарија ќе закаже истовремено одржување претседателски и парламентарни избори. Пред неколку дена, заменик-претседателот и портпарол на Централната изборна комисија, Росица Матева, за бугарското национално радио изјави дека одржувањето на истовремени избори за претседател и нов парламент може да биде технички организирано. Според Матева, сепак, ќе треба да се купат уште 2.000 нови апарати за гласање, а токму за тоа Комисијата веќе расправа. Според портпаролката на бугарската ЦИК, би било подобро изборите да бидат 2 во 1, и парламентарните избори да сер одржат на датумот на првиот круг од претседателските избори, на 14 ноември.

Матева објасни дека трошоците ќе бидат помали бидејќи истите секциони и обласни комисии ќе ги организираат и спроведуваат двата вида избори. Таа посочи дека во случај на одделни парламентарни и претседателски избори, би било добро да има најмалку две недели за да се реконфигурира софтверот на машините, а паметните картички за гласање да добијат нови параметри.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Република Северна Македонија одбележува 30 години независност

Следно

Подготовките за локалните избори влегуваат во финале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian