Пендаровски: Немаме резервна татковина, да направиме држава со која ќе се гордееме

3 mins read

Претседателот на Република Северна Македонија вечерва се обрати на свечената церемонија по повод 20-годишнината од прогласувањето на независноста.

-Го празнуваме третиот, последен Илинден. Независноста не ни е подарена, тоа мора да го памтиме. Слобода наспроти смрт, слобода наспроти окупација и слобода за независност. Не е случајно што асномецет Глигоров го прогласи новото поглавје на суверена и самостојна држава. 8 септември не е некогаш и денес, стихијна авантура на еден мад народ, туку осмислено заокружување на нашата независност. Гласот ЗА суверена беше глас за човечкотото достоинство, секој да реши за себе и за својата иднина. Се вкрстија во едно сите претходни Илиндени на сите претходни генерации. Како што државата е одговорна за секој еден така и сите ние сме одговорни за државата. Прашањето кое Мисирков го постави „Што направивме и што треба да направиме во иднина“, е прашање што сите треба да си го поставиме, но посебно секој политичар. Сите критериуми за меѓународно признавање ги исполнивме без навреда кон никого. Имајќи ги во предвид делото на парламентарцците, денес со орден ги одликував првиоот претседател и парламентарците. Мултиетничкиот соживот се нашата најголема вредност, постојат примери во нашето секојдневие. Крушевски манифест, Рамковниот договор ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо. Иднината на државата зависи од нашата инеграција во меѓународните интеграции, не можат малите држави да опстанат сами. Само ако сите граѓани ја чувствуваат како татковина, С. Македонија ќе може да напредува, изјави Пендаровски.

Според Претседателот направени се тешки, но неопходни компромиси.

-Но, за дел од проблемите сме сами виновни. Години изгубивме за да направиме инженеринг за нашите корени кои се неспорни. Партицазијата на институциите ја наруши довербата во сопствената држава. Масовното иселување е голема опасност. Некои прашуваат дали воопшто ја заслуживме независноста. Но тоа е најголемиот национален проект во нашата држава, зошто имаме 450 евра плата наместо 1000 се легитимни, но тие проблеми ги направија сите политички партии од осамостојувањето. власта која сами ја избираме на изори не може да биде полошо од некоја наметната, а тоа сме го доживеале во минатото. Државната независност е најголемото достигнување со кое треба да се гордееме, рече Пендаровски.

-Овој народ има сили енергија и паметни млади луѓе кои знаат да си ја водат државата. Ако сакаме младите да останат во земјата мора да се потрудиме да им обезбедиме услови. Да се има сопствена држава е привилигегија. Немаме резервна татковина, одговорноста е голема дека ако секој од нас се вложи до крај ќе имаме држава со која сите ќе се гордееме, нагласи Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата на Лукашенко може да го суспендира договорот со ЕУ

Следно

ВИДЕО: Девојче спасено од урнатините на зграда по експлозија на гас во Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian