Неверојатно, Тимо Вернер има поголема плата од Мбапе и Левандовски

1 min read

Германскиот репрезентативец кој настапува за Челси, Тимо Вернер има плата од дури 20 милиони фунти годишно, открива новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк.

Пред да се пресели во Челси, Вернер доминираше во Бундеслигата, на 127 натпревари за Лајпциг постигна дури 78 гола по што следеше трансферот во Премиер лигата.

Во првата сезона како играч на „сините“ ја освои титулата во Лигата на шампионите, но учинокот на теренот беше далеку од тоа што навивачите на Челси го очекуваа од Вернер. Тој имаше повеќе асистенции од голови, Вернер 15 пати им асистираше на своите соиграчи, додека самиот постигна само 12 гола на 55 натпревари.

Имаше и неколку епски промашувања, како тоа за германската репрезентација во натпреварот против Македонија во март годинава кога го промаши целиот гол од пет-шест метри, но сепак менаџерот на Челси, Томас Тухел има голема доверба во него. Но, прашање е дали вреди за парите кои ги добива.

Според новинарот Кристијан Фалк,  Вернер годишно заработува 20 милиони евра. Тоа значи дека неделната плата му изнесува околу 415.000 фунти, со што е меѓу најдоброплатените фудбалери на светот. Германецот заработува повеќе од играчи како што се Кевин де Брујне, Килијан Мбапе или Роберт Левандовски…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абазовиќ за судирите на Цетиње и сеирот на Чанак: Тешко на Црна Гора ако тој ја брани

Следно

Почна официјалниот дел од церемонијата по повод јубилејот – 30 години независност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian