Најмалку 41 затвореник загина во пожар во затвор во Индонезија

1 min read

Најмалку 41 затвореник загина во пожар во преполн затвор во близина на главниот град на Индонезија, Џакарта.

Повредени се 80 лица, од кои осуммина се со тешки изгореници.

Пожарот е изгаснат, а стотици полицајци и војници се распоредени во затворот со цел да се спречи бегство на затворениците, изјави претставник на локалната полиција.

Во затворот казна служеле осуденици за криминални дела поврзани со дрога.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Најмалку еден загинат во земјотрес во Мексико

Следно

ВИДЕО: Пред 11 години Шиков ни ја донесе досега единствената победа над Романија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian