На Денот на независноста Џафери во Виена на средби со претседатели на парламенти

1 min read

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Волфганг Соботка, претседател на Австрискиот национален совет, на маргините на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, во заедничка организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент.

Џафери, како што соопштуваат од неговиот кабинет, му се заблагодарил на Соботка за топлото гостопримство и одличната организација на првиот масовен меѓу-парламентарен настан од почетокот на пандемијата, кој што се одржува со физичко присуство на учесниците, со сеопфатни здравствени мерки и протоколи.

На средбата, Џафери му врачил благодарница на својот колега, претседателот Соботка, за несебичноста и пожртвуваноста на австриските пожарникари, кои беа рамо до рамо со нас за време на битката против пожарите што ја зафатија нашата земја. Воедно, тој упати срдечна благодарност до Република Австрија и австрискиот народ за пријателството и соработката, како и силната поддршка во нашите напори за членство во Европската Унија.

Од собраниската прес-служба информираат дека претседателите на двата парламенти изразија подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со цел за продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија.

Претседателот Талат Џафери остварил кратка средба и со Дејан Звиздиќ, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина. Соговорниците разменија мислења за тековните состојби во двете земји и во регионот, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу парламентите.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Честитка од вицепремиерот Груби по повод Денот на независноста

Следно

СЗО открива: Несоодветната медицинска грижа – една од причините за смртноста од ковид во болниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian