МЗ: Се утврдува точниот број на лица кои го загубија животот во пожарот како и на повредените

1 min read

Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.

Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба, соопшти Министерството за здравство

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изгаснат пожарот во модуларната болница во Тетово, Филипче потврди дека има жртви

Следно

Фудбалерите не можат против традицијата, доминираа над Романците но мора да се задоволат само со реми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian