Михо Пановски по повод 30 години независност: Тајните комунистички служби сѐ уште ги држат конците

1 min read

Во првиот повеќепартиски Парламент влеговме носени од бранот на тукушто воспоставениот партиски плурализам. Тотално политички неуки, но со огромна желба и ентузијазам за воспоставување на темелите на една нова независна држава, со сите нејзини белези: наша војска, наша дипломатија, наша валута, наши спортски репрезентации… Иако малцинство во Собранието, како партија во него успеавме да ги наметнеме нашите ставови и гледања за иднината на нашата држава. Тој парламентарен состав ги донесе сите потребни акти за една нова држава.

Гледајќи од денешна перспектива, 30 години потоа, не можам да го скријам разочарувањето за тоа каква држава е Македонија денес. Држава која единствена од посткомунистичките не направи вистинска лустрација и која дозволи соработниците на тајните комунистички служби сѐ уште да креираат јавно мислење и тие и нивните деца се главните узурпатори на фирмите во катастрофалната приватизација. Се создаде држава до немајкаде партизирана, каде главниот критериум за какво било вработување или бизнис е партиската припадност. Држава корумпирана до крајни граници, со судство, обвинителство, полиција и тн. во служба на партиите, а не на државата. Држава која со мал прст не се обиде да направи алтернативни комуникации на коридорот север-југ. И, конечно, држава со окупиран културен и медиумски простор од еден од соседите.

Затоа, ние денес сме држава од која си одат паметни и образовани млади луѓе и држава со многу сомнителна иднина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Честитка од Народната банка по повод Денот на независноста

Следно

Трагедија во Русија: Министерот за вонредни ситуации загина за време на вежба во Норилск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian