Меркел во понеделник во Белград, потоа во Тирана со лидерите од Западен Балкан

1 min read

 Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник, на 13 септември ќе го посети Белград, објавен е на веб-страницата на канцеларката, јави дописникот на МИА од Белград.

Меркел во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кој, како што е најавено, ќе разговара за политичката и економска соработка, како и за евроинтеграциите. Планирана е и прес-конференција по состанокот.

Таа во Белград ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество од шест земји од Западен Балкан.

Следниот ден, во вторник на 14 септември, Меркел ќе замине во Тирана, каде ќе разговара за истите теми, како и во Белград, со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Пред да се врати во Берлин, се наведува во соопштението, канцеларката ќе оствари билатерални разговори со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид билтен: Новозаразени 702 лица, починати 24 пациенти, оздравени 1.119

Следно

Ерион Велијај: Шилегов направи восхитувачка работа за Скопје (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian