Комплетирана градоначалничката листа на СДСМ – Николчо Илиев ќе се бори за втор мандат во Кочани

1 min read

Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори, соопшти СДСМ, со што ја комплетираше понудата од 69 кандидати за градоначалници.

-Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината, соопшти партијата која повторно му ја даде довербата на актуелниот градоначалник на Општина Кочани.

Од владеачката партија сметаат дека граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, и затоа ја даваат поддршката на СДСМ па токму затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е гарант дека ќе продолжи развојот на Кочани, развојот на општините и регионите, гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, смета СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првиот човек на Ла Лига повторно удри по ПСЖ: Тоа е државен клуб и е непријател на фудбалот

Следно

ФОТО: Заев, Пендаровски и пратениците станаа кога продефилираа рударите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian