Клоп полуде по тинејџерот од Борусија Дортмунд, веќе подготви 95 милиони евра за негов трансфер

1 min read

Само една недела откако заврши летниот преоден рок, екипите ширум Европа полека се подготвуваат за летото 2022 година со надеж дека економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе спласне и ќе се стабилизираат финансиите.

Идното лето се очекува на трансфер пазарот една од најактивните екипи да биде Ливерпул кој оваа година беше тивок и реализира само еден трансфер, тој на Ибрахим Конате.

Но, затоа за идното лето се подготвува да го собори клупскиот рекорд кога станува збор за трансферите,
според весникот „Ливерпул Ехо“, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп полуде за тинејџерот на Борусија Дортмунд, Џак Белингем. Младиот англиски фудбалер блеска во дресот на Борусија, летово дебитираше и за репрезентацијата на Гордиот Албион и поради тоа стана мета број еден на Ливерпул за следната година.

Клоп уште сега почнал да лобира и да врши притисок врз управата на Ливерпул по секоја цена да го донесат Белингем на „Енфилд“.

Според „Ливерпул Ехо“ првата понуда треба да изнесува 95 милиони евра, што би претставувало нов клупски рекорд доколку се реализира трансферот. Сегашниот рекорд го држи Вирџил ван Дајк чиј трансфер од Саутемптон го чинеше Ливерпул 85 милиони евра.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: Талибанците мора да „заслужат” легитимитет

Следно

ВИДЕО: Страотна глетка – пожар ја проголта модуларната ковид болница во Тетово, се споменуваат и жртви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian