Кина ќе обезбеди итна помош од 30 милиони долари за Авганистан за храна, лекови и вакцини

1 min read

Властите во Кина ќе обезбедат итна помош за Авганистан во износ од 200 милиони јуани (околу 30 милиони американски долари), изјави денеска министерот за надворешни работи Ванг Ји.

– Во врска со потребата на авганистанскиот народ, нашата земја ќе обезбеди итна помош за Авганистан во износ од 200 милиони јуани, ја пренесува изјавата на министерот прес -службата на Министерството за надворешни работи. Тој зборуваше за време на онлајн средбата на министрите за надворешни работи на Иран, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Средствата ќе бидат наменети за набавка на храна и лекови, како и за вакцинација.

– Кога ќе се воспостават неопходните услови, вклучително и во областа на безбедноста, Кина ќе му помогне на Авганистан во обнова и спроведување проекти насочени кон подобрување на благосостојбата на луѓето, додаде министерот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убедлив пораз на одбојкарите од Русија за крај на настапот на ЕП

Следно

МЗ: Вакцините на „Фајзер“, донација од Бугарија ќе бидат аплицирани пред истекот на рокот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian