И во новата учебна година задолжително тестирањето со бесплатни селф тестови за невакцинираните ученици во Грција

2 mins read

Во пресрет на новата учебна година што започнува во понеделник, невакцинираните ученици во Грција од денеска имаат можност од аптеките да подигнат шест бесплатни селф тестови, што се задолжителни два пати седмично за следење на наставата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и минатата учебна година, кога по карантинот се отворија училиштата, така и сега, учениците во Грција ќе се тестираат со бесплатни тестови за домашна употреба, односно т.н. селф тестови.

Од Министерствата за здравство и образовани на Грција соопштија дека шесте бесплатни тестови се за да се покријат потребите за тестирање на учениците за месец септември.

Селф тестот е задолжителен два пати седмично, учениците ќе треба секој вторник и петок на училиште да носат потврда со негативен резултат од тестирањето направено во домашни услови до 24 часа пред пристигнувањето.

Од задолжителното тестирање исклучок се улениците кои прележале Ковид-19 и оние кои се вакцинирани.

Од двете Министерства во соопштението потенцираат дека тестирањето со селф тестовите е лесна и едноставна процедура, која се користи и во други земји за работа на училиштата, „помагајќи да се откријат илјадници случаи, а со тоа и да се намали ширењето на коронавирусот”.

– Но, сега веќе ја имаме и вакцина, моќно оружје против ковид-19. Ги охрабруваме родителите на ученици на возраст од 12 години и постари, кои се уште не ги вакцинирале нивните деца да го искористат овој штит против вирусот, со што на овој начин, ќе помогнат да се изгради колективниот имунитет, истакнуваат од Министерствата за здравство и образовани на Грција.

Учениците од основните и средните училишта во Грција, под специјални протоколи, од понеделник се враќаат во училишните клупи.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претседателот на турскиот Парламент со честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија

Следно

Денеска меч со Русија, федерацијата со мислите кон ЕП 2023 на кое ќе бидеме коорганизатори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian