Хајко Мас: Составот на авганистанската влада не предизвикува оптимизам

1 min read

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изрази скептицизам во врска со составот на привремената влада формирана од талибанците во Авганистан.

Талибанците вчера го објавија составот на привремената влада која ќе се состои исклучиво од мажи, меѓу кои и ветерани од нивното владеење во 1990-тите и 20-годишната борба против коалицијата предводена од САД.

– Објавувањето преодна влада без учество на други групи и вчерашното насилство врз жените демонстранти и новинари во Кабул, не влеваат оптимизам, истакна Мас пред средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во американската база Рамштајн во Германија.

Тој додаде дека Германија е подготвена да обезбеди хуманитарна помош за Авганистан преку ОН и дека ќе ги продолжи разговорите со талибанците за да се обезбеди колку што е можно повеќе Авганистанци, кои се чувствуваат загрозени, да ја напуштат земјата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Заев, Пендаровски и пратениците станаа кога продефилираа рударите

Следно

Јувентус пред колапс, за една година загуби 190 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian