Годинава нема да има Светско клупско првенство?

1 min read

Фудбалската федерација на Јапонија (ЈФА) се откажа од организацијата на Светсктото клупско првенство кое треба да се одржи во декември поради ограничувањата предизвикани од пандемијата на коронавирусот, пишуваа јапонските медиуми.

„Ризикот од зголемување на бројот на заразени и потешкотиите да се извлече користи од евентуалното ограничување на брјот на гледачи влијаеше на одлуката“, објави новинаската агенција Кјодо.

Кјодо пренесува дека ЈФА е во постојан контакт со ФИФА која би можела да го одложи турнирот за јануари идната година.
– Подетални информации за следното издание на Светското клупско првенство ќе бидат објавени наскоро – изјави портпаролот на ФИФА.

Јапонија веќе беше домаќин на ова натпреварување во 2016 година, а ЈФА сакаше да биде домаќин и оваа година за да ја одбележи стогодишнината од своето формирање.

Светското клупско првенство се одржува во декември, но натпреварувањето предвидено во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот се одржа во февруари годинава и на истото славеше Баерн Минхен.
На Светското клупско првенство учествуваат екипите кои се победници на континенталните натпреварувања како и екипи од земјата домаќин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО открива: Несоодветната медицинска грижа – една од причините за смртноста од ковид во болниците

Следно

Путин на жешка телефонска линија со Мишел: ЕУ води дискриминаторска политика кон Крим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian