Фудбалерите не можат против традицијата, доминираа над Романците но мора да се задоволат само со реми

4 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 0:0 против Романија во квалификациите за СП 2022 година кое ќе се одржи во Катар и не успеаја да ја срушат традицијата и да слават на Денот на независноста.

Македонија и во седмиот натпревар кој го игра на осми септември, не успеа да победи, а во исто време на победа ќе почека и селекторот Благоја Милевски кој во трите натпревари на клупата има три ремија.

Милевски и во третиот натпревар како селектор не успеа да се израдува на победата/ фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Со ремито, Македонија остана на четвртото место на табелата во групата Ј со девет бодови, еден помалку од Романија и два од Ерменија која е втора, додека лидер е Германија со 15 бода.

„Црвено-жолтите“ доминираа во речиси сите 90 минути, со агресивна пресинг игра на секој дел од теренот посебно по загубените топки не им дозволија на Романците премногу да се закауваат кон голот на Столе Димитриевски, но иако направија доста шанси, изостана реализацијата во нападот.

„Црвено-жолтите“ уште во првата минута тргнаа офанзивно кон противничкиот гол, веднаш се заканија но без опасност за голот на Ница.
Во 13. минута Барди се уфрли во петерецот на Ница но лошо ја зафати топката, а потоа обидот на Чурлонов со ножички не претставуваше проблем за Ница. Првата шанса Романците ја имаа во 21 минута но шутот на Сореску го одбрани Димитриевски.

Играта потоа повторно се префрли на противничката половина, во 33. минута Елмас шутираше од 15-тина метри но Ница го одбрани неговиот шут.
Во финишот Чурлинов одлично се проби по левата страна, но си даде преголем фор кога влезе во шеснаесетникот и Ница дојде до топката пред него.

И второто полувреме започна со офанзивна игра на „црвено-жолтите“, повторно се играше пред голот на Ница. Првата шанса за второто полувреме беше за Македонија, во 48. беше досуден слободен удар но шутот на Барди 25 метри заврши во живиот зид.

Во 50 минута Елмас имаше шанса да го отвори резултатот по соло продорот и силниот шут од работ на шеснаесетникот но Ница го одбрани шутот, а „дијамантот“ повторно дојде до одбиената топка и се обиде со ножички но беше непрецизен.
Осум минути подоцна, нова одлична шанса за Македонија  ни повторно изостана реализацијата.
Во. 71. минута Романците за малку ќе постигнеа гол, од околу 30-тина метри шутираше дсдс а топката незгодно отскокна пред Диитриевски кој едвај успеа да ја спречи да не заврши во голот, а одбиената топка налетао Кордеа но беше во офсајд.

Потоа темпото на игра и интензитет се намали со што изостанаа и вистинските шанси за гол. На крајот Македонија и во третиот натпревар во септемвриските квалификации одигра нерешено, откако прво со Ерменија исто така одигра без голови, а против Исланд ја испушти победата во финишот (2:2).

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА 0:0(0:0)
Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: околу 5.000. Ж. картони: Ристовски, Костадинов (М) – Неделчеау (Р).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Муслиу, Велковски (од 64` Ристевски), Алиоски, Спировски (од 79` Трајковски), Барди, Костадинов, Елмас, Чурлинов (оод 79`Николов), М. Ристовски (од 64` Јаховиќ)
Селектор: Благоја Милевски
РОМАНИЈА: Ница, Рациу, Кирикеш, Неделчеау (од 63` Марин), Камора, Станчиу, Неделку, Чикалдау, Сореску, Ман, Марковиќ (од 63` Кордеа)
Селектор: Мирел Радои

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Се утврдува точниот број на лица кои го загубија животот во пожарот како и на повредените

Следно

ВИДЕО | Детали за пожарот во Тетово: Над 30 пожарникари со 7 возила интервенираат, извадени се починатите пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian