ФОТО+ВИДЕО | Талибанците ослободиле приведени авганистански новинари откако ги тепале

1 min read

Талибанските милитанти физички малтретираа најмалку двајца авганистански новинари од популарен локален весник во Кабул, бидејќи известувале за протестот на активистките за женски права, јави ДПА.

– Траги од десетици кабли и камшици се на лицата и главите на двајцата колеги од Етилаатроз. Ги донесовме во канцеларија слаби и во состојба на летаргија, напиша на Твитер Заки Дарјаби, издавач на Етилаатроз, истражувачки онлајн и печатен весник.

Милитантите претходно во Кабул кусо време приведоа пет новинари од весникот.

Фотографиите и видеата што ги сподели Дарјаби покажуваат како двајца од новинарите, помодрени од тепање, едвај одат или зборуваат по нивното ослободување.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Момче доби голема казна поради селфито со Депај

Следно

ВИДЕО | Пендаровски: Македонската државност е без сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнувањ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian