За време на неговата посета во Скопје, градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, оствари средба со неговиот колега Петре Шилегов, за кого искажа високо мислење, ценејќи дека тој и неговиот тим направиле една восхитувачка работа за едно Скопје со повеќе паркови и повеќе пријателски настроен кон децата, пишува ГАЗЕТА.МК
Инаку, градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај е познат по својата неуморна работа и посветеност кон Албанската престолнина Тирана и неговите зборови за Шилегов се многу значајни кога знаеме дека Тирана со Велиај на чело од меѓународната заедница се смета за космополитска културна престолнина на Балканот.
ИЗВОР: ГАЗЕТА.МК