Денеска меч со Русија, федерацијата со мислите кон ЕП 2023 на кое ќе бидеме коорганизатори

2 mins read

Четирите порази со само два освоени сета ќе ги остават македонските одбојкари на последното место на табелата во групата во Тампере (Финска), но нужно не мора да значат дека ќе завршиме на дното на Европското првенство кое е во тек.

Од сегашна перспектива можеме да бидеме подобри само од Црна Гора која покрај тоа што нема победа или бод, нема ниту сет. А тоа, пак, ни остава простор да бидеме на 23 позиција во конечното рангирање што би можело да има важност за некои идни калкулации.

– Како и да е, македонската одбојка полека треба да се подготвува за наредните предизвици, во прв ред за Европското првенство во 2023 година на кое што ќе ја имаме улогата на коорганизатори.

Фактот дека третпат по ред ќе се најдеме во престижното друштво создава обврска да подготвиме натпреварувачка репрезентација, на еден или на друг начин. Тоа никогаш нема да биде лесно, но часовникот немилосрдно отчукува и потсетува дека процесот треба да се почне веднаш – информираат од Одбојкарската федерација на Македонија.

Нов пораз на одбојкарите, го поправија впечатокот но загубија од Шпанија

Денешниот последен петти дуел од групата „Ц“ (16.00 часот) против Русија ќе биде формален знаејќи го односот на силите, но може да биде уште една шанса за докажување и секако промоција на нашиот млад и талентиран кадар.

Актуелните олимписки вицешампионот нема да дозволат опуштање затоа што ќе направат сè за да стигнат барем до второто место на табелата, што би им донело полесен противник во осминафиналето. Иста идеја ќе имаат и Холанѓаните и Турците, како и Финците, па затоа натпреварите во групата во Тампере сè уште имаат привлечност и соодветно резултатско значење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И во новата учебна година задолжително тестирањето со бесплатни селф тестови за невакцинираните ученици во Грција

Следно

Кина соопшти дека е подготвена за дијалог со новата авганистанска Влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian