Денес се празнува Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

2 mins read

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор. По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки. Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо. Кога го слушна тоа и повторно се загледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога слушна, го праша: „Да не слезе полуде?“ Одговорот на Адријан беше: „Не полудев, туку се вразумив.“ Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ѝ го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај. После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки. Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена и се јави свети Адријан, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господа. Света Наталија мирно Му го предаде на Бога својот дух.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Работнички го крена гласот: Како може клубот во кој Цевка ја помина речиси целата кариера да не игра на турнирот во негова чест

Следно

Авганистанската нова Влада со познати лица, предводена од личност од листата на терористи на ОН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian