Данска воведува задолжителна работа за мигрантите кои со години примаат социјална помош

1 min read

Некои мигранти во Данска ќе треба да работат 37 часа неделно за да можат да добијат социјални бенефиции, соопшти денеска данската Влада.

Тоа ќе се однесува на оние мигранти кои добивале социјална помош три до четири години и кои не го совладале доволно данскиот јазик.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека тоа е директно наменето за жени кои не се со потекло од Западот, но живеат од социјална помош.

Таа вчера го претстави реформскиот пакет кој, меѓу другото, вклучува одредба за обврската за работа за долгорочно невработени.

За да продолжат да примаат социјална помош, долгорочно невработените лица ќе треба да одработат 37 часа општествено корисна работа, како што е собирање ѓубре, секоја недела.

Мерката е насочена првенствено кон имигрантите кои имаат потешкотии да влезат на пазарот на трудот.

Доколку предлогот биде прифатен од мнозинството во Парламентот, локалните власти ќе бидат задолжени за распределба на работни места на невработените.

Данска ја заостри својата имигрантска политика неколку пати во изминативе години. Сега има некои од најстрогите правила во Европа и сака целосно да ги намали барањата за азил.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дали е можно? Направен пенал по само пет секунди игра

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Грците му оддаваат последна почит на Микис Теодоракис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian