Честитка од вицепремиерот Груби по повод Денот на независноста

1 min read

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, им го честита на граѓаните 8 Септември, Денот на независноста.

-Последните 30 години не научија дека кога заедно ја градиме иднината, врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, прегрнувајќи ги вредностите, разликите и диверзитетот како можност а не како пречка, воспоставување на транспарентен и искрен дијалог, ништо не е невозможно. Албанците беа и сите се за независност, врз основа на темелите на референдумот, Декларацијата за независност и Охридскиот рамковен договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот, но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и Европската Унија, истакнува Груби во честитката.

Затоа, Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор, посочува тој, се неразделен дел од мозаикот кој не направи членка и доверлив партнер на НАТО.

-Овие важни моменти на ова 30 годишнина, како независноста, Охридскиот, Преспанскиот и договор за добрососедство се темелите на државата. Заедно сме навистина посилни. Честитки до сите наши граѓани за овој наш јубилеен 30 – годишен повод од нашата државност, потенцира Груби во честитката.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Најдоброто за мојата општина“ – Договор на СДСМ со 20 партии за заеднички настап на локалните избори

Следно

На Денот на независноста Џафери во Виена на средби со претседатели на парламенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian