Блинкен: Талибанците мора да „заслужат” легитимитет

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска им порача на талибанците дека новата привремена влада што ја формираа ќе мора да го заслужи „секој легитимитет, секоја поддршка”.

Блинкен ја даде изјавата по средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, каде заедно беа домаќини на виртуелниот состанок на министри од 20 земји, НАТО и Европската унија посветен на кризата во Авганистан.

Тој нагласи дека односот кон владата и талибанците ќе зависи од нивните постапки.

Талибанците вчера го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија доминира, но првото полувреме заврши без голови

Следно

Клоп полуде по тинејџерот од Борусија Дортмунд, веќе подготви 95 милиони евра за негов трансфер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian