Авганистанците бараат од талибанците да носат униформи

1 min read

Жителите на Авганистан ги повикаа владејачките талибанци да воведат униформи за своите борци, за да се разликуваат од вооружените крадци, објави локалната телевизија Аријана Њуз.

Според ТВ каналот, Авганистанците во Кабул честопати наидуваат на луѓе кои се претставуваат како талибанци и ограбуваат туѓ имот.

– Има многу вооружени луѓе во градот. Не знаеме кои од нив се талибанци, а кои не. Тоа треба да се препознае по надворешниот изглед, цитира телевизијата мислење на локален жител.

Според портпаролот на талибанското движење, Забиула Муџахид, борците задолжени за јавната безбедност веќе носат униформи. Што се однесува до останатите талибанци, чиј изглед се разликува од цивилите само по оружјето, тие наскоро ќе го напуштат Кабул или нема да имаат никаква врска со безбедносните прашања, истакна портпаролот на движењето.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар го промовираше досегашниот капитен на У19 македонската репрезентација

Следно

Заев: Должност ни е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian