Ахмети: Независноста, Охрид, Преспа и добрососедството се темелите на заедничката држава

1 min read

По повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка до сите граѓани на нашата земја.

– Триесет години подоцна продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија, како меѓународно призната земја, со европска перспектива, со многу пријатели со кои соработуваме со цел да обезбедиме одржлива и уште подобра иднина за сите граѓани. Над темелите на референдумот, изјавата на независноста и Охридскиот договор, но и оној од Преспа и добрососедството, ние го избравме дијалогот, еднаквоста и соживотот, но и пријателство со соседите и го одредивме нашиот пат кон НАТО и Европската унија. Денес ние сме полноправна членка на НАТО и со зелено светло за членство во ЕУ. Реформите во согласност со очекувањата на нашите партнери во Брисел и Вашингтон не треба да запрат заедно со напорите за зголемување на квалитетот на животот на нашите граѓани, наведува Ахмети во честитката.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама ги предупреди студентите доколку не се вакцинираат, нема да влезат на универзитет

Следно

Стоев: Во последните 30 години, поддршката на Бугарија не беше ништо повеќе освен несебичен чин на пријателство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian