Започна чествувањето на 7-ми Септември, Ден на ослободувањето на Делчево

1 min read

Со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ, Делчево го почна чествувањето на 7 Септември, Ден на ослободувањето на градот.

Во чест и знак на сеќавање на борците  слобода, членовите на КУД „Гоце Делчев” потсетија на историските моменти и значењето на НОВ и борбите кои претходеа  на ослободувањето на Делчево.

Пред споменикот се поклонија и цвеќе положија, делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општината предводена од претседателот Драган Маневски, претставници од политички партии, институции, организацијата на резервни офицери и здруженија на граѓани.

Во рамки на свеченостите закажана е седница на Советот на која ќе бидат доделена општинската награди „7 Септември”, како и наградите за најубаво уреден двор.

Вечер како дел од одбележувањето на Денот на градот и Денот на независноста во кино-салата во Делчево ќе се одржи концертот „Живеј со музика” со настап на тенорот Влатко Груевски, со пијано придружба на Андреј Наунов.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За Романците е невозможно е да се игра на теренот во Скопје

Следно

Бугарија: Само што почна електронскиот попис, веднаш го хакираа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian