Загадувањето на воздухот најголем еколошки ризик за здравјето на луѓето

1 min read

Темата на годинашниот Меѓународен ден на чистиот воздух за сино небо, што се одбележува под покровителство на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), е „Здрав воздух, здрава планета” која ги истакнува здравствените аспекти на загадувањето на воздухот, особено со оглед на пандемијата на Ковид-19.

Генералното собрание на Обединетите нации во 2019 година донесе Резолуција со која 7 септември е прогласен за Меѓународен ден на чистиот воздух за сино небо, со цел да привлече внимание и да ги поддржи акциите насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот.

– Загадувањето на воздухот е глобален проблем што влијае на здравјето на луѓето, здравјето на планетата и климатските промени. Мора да се осигураме дека чистиот воздух е достапен за секого, без оглед на географската локација или социо-економскиот статус. За да се постигне ова, светот ќе мора да преземе одлучни, итни мерки, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И покрај ветувањата: Армијата административци повторно расте во Бугарија

Следно

Брегу: Северна Македонија со програмата „Гаранцијата за млади” ја намалува невработеноста кај младите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian