Заев: Никој нема да биде оставен без учебници

1 min read

Премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Општина Сарај денеска изјави дека будно ги следат работите и дека се спремни да обезбедат електронски и печатени учебници за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата.

„Никој нема да биде оставен без учебници“, изјави денеска премиерот Заев.

Премиерот на прес-конференцијата во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека голем дел од децата се обезбедени со смарт таблети, и со се што им е потребно, но испрати пораката дека ќе го следат целиот процес, и онаму каде што нема доволно, Владата ќе интервенира и ќе изнајде начин децата да се чувствуваат рамноправно.

„Дефинитивно јас можам да потврдам дека онлајн наставата навистина дава можност да децата видат, се запознаат со материјата, визуелно да го осознаваат, на пример ако учат за врвот на некоја планина, ќе можат преку интернет да видат како изгледа таа, и дополнително да се информираат“ додаде Заев.

Како што напомена премиерот, по сите анализи на квалитетот на образование е констатирано дека малку од знаењето останува кај децата, а целта е децата да излегуваат како генерација со многу посеопфатно и посуштинско знаење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија Ѓорче Петров со Крстовски и Младеновски ќе се бори за шампионската титула

Следно

ДЗС: На пожарот во Галичица се случија детонации од неексплодирани средства заостанати од Првата и Втотрата светска војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian