За Романците е невозможно е да се игра на теренот во Скопје

1 min read

После нерешените резултати против Ерменија и Исланд, в среда (8 септември) македонската А репрезентација ќе го игра шестиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Следен ривал на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Романија, дефинтивно еден од клучните мечеви и за двете селекции во борбата за второто место во квалификациската група.

Дуелот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 20.45 часот, а на МКТикетс навивачите можат да си обезбедат билет. Повеќе ТУКА

Романките медиуми со големо внимание исто така го следат настапот на својата селекција, а дел од нив не се задоволни од теренот на кој треба утре да истрчаат фудбалерите. Песок има на одредени делови од теренот.

Според медиумот „gsp.ro“, невозможно е, нема шанси, нема услови, да се игра на Националната арена „Тодор Проески“.

–  Теренот е ужасен, нерамен, не е добро подготвена тревната подлога, само земја – вели медиумот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само што почна електронскиот попис, веднаш го хакираа

Следно

Започна чествувањето на 7-ми Септември, Ден на ослободувањето на Делчево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian