Во Избирачкиот список увид направиле речиси 13 илјади граѓани, рокот завршува во четврток

1 min read

Вкупно 12.865 лица до вчера се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 62 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 25 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 60 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до четврток 9 септември.

Извор: МИА

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Големиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалност

Следно

Роналдо предупредува: И „галактикоси“ беа фаворити, па не ја освоија Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian