ВМРО-ДПМНЕ пак ќе го блокира Собранието ако власта не се откаже од планот за 15 закони со европско знаменце

1 min read

По координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, и партискиот лидер Христијан Мицкоски попладнево потврди дека ќе ја блокираат работата на законодавниот дом, доколку власта остане на планот да усвои 15 закони по скратена постапка, со ткн. европско знаменце.

„Што се однесува до 15 закони, јас не знам дали се 15, но знам дека има закони кои што на брутален начин Владата на СДСМ и ДУИ сака да ги помине и на шверцерски начин низ парламентот комплетно злоупотребувајќи го европското знаменце“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој упати порака до меѓународната заедница, посебно до Европската Унија, да го спречат „шверцерското носење на закони од страна на владата на СДСМ и ДУИ“, посочувајќи дека доколку и еден од тие закони помине во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на Парламентот.

Мицкоски упати и порака до граѓаните нагласувајќи дека за неколку недели сами ќе одлучат дали сакаат да живеат во држава односно како што тој ја нарече ДООЕЛ Заев или пак во слободна и демократска држава во која се развиваат европските вредности.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ограбена златарница во Париз, украден накит вреден 10 милиони евра

Следно

Блинкен се заблагодари на Катар за евакуациите од Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian