Владата го задолжи Институтот за јавно здравје како надлежен за радиоактивниот отпад

1 min read

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.

Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.

Во предлог-законот се предвидува како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за јавно здравје како најстручна и најсоодветна институција во оваа област.

Владата усвои декларација која предвидува експресни возни линии меѓу главните градови на Западен Балкан

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата подготвува електронски систем со кој граѓаните ќе пријавуваат корупција во администрацијата

Следно

Талибанците составија нова влада на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian