Владата денес ќе ја одржи 104-та седница

1 min read

Владата на Република Северна Македонија, денеска напладне ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, на предлог на Министерството за здравство.

Покрај другото, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред за разгледување е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветна инспекција, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на „УС Опен“

Следно

Невакцинираните словенечки војници се жалат на дискриминација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian