ВИДЕО | Васев: Со потпис на Милошоски уапсениот дипломат бил праќан во различни држави

1 min read

Се гледа дека криминалните структури на фамилијата се видно загрижени од скандалот со македонските дипломати, па сега очајно се обидуваат да фрлаат магла во очите на македонските граѓани, изјави Стефан Васев од СДСМ.

– Вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ. Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски. По четири месеци, повторно со ова решение од Милошоски е пратен во амбасадата во Вашингтон.

Во 2011 година исто така со решение на Милошоски е испратен во конзулат во Чикаго, останува до 2014 година, а по само една година, со решение на Никола Попоски е испратен во ОБСЕ во Виена.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината.

А вистината секогаш излегува на виделина, па така и оваа истрага ќе ги даде одговорите на клучните прашања.

Дали во време на ВМРО ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар?

Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема?

Дали тие пари завршувале во белиот дворец?

И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски, до ден денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?, вели Васев.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ се состана со патријархот Порфириј два дена по настаните на Цетиње

Следно

Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian