(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски: Ќе не биде и во идните 30 и во идните 300 години

3 mins read

Најпрво, им го честитам 30-годишниот јубилеј на сите граѓани на Македонија. Овие триесет години минато се гаранција дека ќе не биде и во идните 30 и во идните 300 години.

Денеска ние независноста на Македонија ја доживуваме како реалност, како нешто дадено, нешто со што од секогаш сме живееле со таа независност, но ние постарите генерации се сеќаваме дека и не беше така, дека и тој чекор на одвојување на Македонија од бивша Југославија не беше толку едноставен. Можам да кажам дека,и покрај големата возбуда која владееше во тој период, па и самиот ден и година напред и назад, постоеше еден перманентен страв. Вие се сеќавате тогаш Милошевиќ беше во најголемата моќ, во неговата најголема сила и сметам дека тој страв беше општо присутен не само во македонскиот простор, туку на целата територија на бивша Југолсавија – да не почне војна, повторно да не настапи таа стара УДБА, да не ги собере преку ноќ сите политичари во Македонија и да нема ништо од тој стон. Значи тоа беше едно време на големо премрежие и покрај тоа што како што минува времето лошите емоции остануваат на страна, остануваат само добрите. Јас се надевам дека ќе биде и понатаму така.

Ретко која држава имала толку бурна историја во 30 години независнот, колку што имавме ние. Ако ја погледнете една Словенија, една Романија, една Полска, ќе видите дека работите на тоа посткомунистичко општество одеа некако многу полесно, помеко. Но кај нас имаше навистина дрматични настани, кои од една страна ги поминавме многу лошо, оставија многу лоши последици, но од друга страна ни даваат надеж дека овој народ, оваа државаа имаат капацитет да опстанат.

Многу полички консталации требаше да се случат за Македонија стане незавизна и самостојна. Се сеќавате тогаш беше распад на целиот комунистички блок, распад на советскиот блок, конечен распад на Југославија и ако тоа не се случеше, најверојатно уште немаше да бидеме самостојна држава. Значи имаше многу политички консталации  имаше многу поддршка од Господ кој ни даваше сила да продожиме и да го оствариме тој тој сон. Јас сметам дека секогаш кога ќе ни дојде тешко, кога ќе имаме тешки нјастани, не смее да го заборавиме фактот дека имаме самостојна и меѓународно легитимирана  независна држава, и едноставно да се трудиме да ја збогатува и да ја храниме со енергија и покрај сите тешкотии што ги има.

Се надевам дека перспективата ќе биде подобра, особено ако успееме да влеземе во ЕУ. Тој пат го почнавме со влезот во НАТО, а верувам дека секое време си има некое искушение.

Целиот разговор со Љубчо Георгиевски погледнете го во видеото.

 

Стојан Андов по повод 30 години независност: Клучна беше поддршката од САД

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Базата на Ѓоковиќ во Њујорк е на имот вреден 40 милиони долари каде тренира со најсовремена технологија

Следно

Талибанците ги запреа авионите за евакуација; стотици луѓе сакаат да ја напуштат земјата- САД негираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian