ВИДЕО: Талибанците тепаат жени низ улиците во Кабул

2 mins read

Талибанците тврдат дека се промениле и ветуваат дека жените ќе имаат права во Авганистан, но сепак постојат се повеќе докази за нивниот суров однос кон жените.

Кога дојдоа Талибанците да ја преземат власта, бројни граѓани манијачно побрзаа да ја напуштат земјата, а непријатни сцени на луѓе кои паѓаат од пренатрупани авиони го обиколија светот.

За Талибанците се збори дека се сурови кон жените, што беше потврдено со сведочењето на една жена која посочи дека тие биле „третирани полошо од животните“.

На социјалните мрежи се појави видео снимка од талибанците во Кабул кои безмилосно ги удираат жените додека шетаат по улица.

Во Кабул, жените протестираат со денови, барајќи ги нивните права за работа, образование, слободно шетање по улиците без машки придружник итн.

Меѓутоа, во обид да ги задушат протестите, Талибанците не се двоумат да употребат сила во форма на солзавец, пукање во воздух, но и удари.

Апсење новинари

Талибанците денеска отворија оган за да ги растераат антипакистанските протести во Кабул и да уапсат неколку авганистански новинари, објави авганистанската телевизија ТОЛО.

Протестот започна пред пакистанската амбасада во Кабул против, како што велат демонстрантите, мешањето на Пакистан во Авганистан, а особено против наводната поддршка на Исламбад за најновата талибанска офанзива што ја проби провинцијата Паншир, а потоа ја освои, пренесува АП.

Според извештајот на ТВ Толо, еден од уапсените новинари е нивниот снимател Вахид Ахмади.

Еден авганистански новинар, кој беше меѓу приведените, а подоцна ослободен, изјави за АП дека бил казнет од Талибанците.

– Ме натераа да го тријам носот на земја и да се извинам што го следев протестот. Новинарството во Авганистан станува се потешко – рече новинарот.

Откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, имаше извештаи дека Талибанци тепаат и им се закануваат на новинарите.

 

Извор: Блиц

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светислав Пешиќ ќе ја води кошаркарската репрезентација на Србија

Следно

Ѓоргиев во Топ 10 поентери на Европското одбојкарско првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian