ВИДЕО: Специјална кучешка единица е страв и трепет за стаорците во Њујорк

1 min read

Како и секоја светска метропола, и Њујорк отсекогаш имал проблеми со стаорците, па градските власти не се плашат да испробаат и алтернативни методи за контрола на овие штетници. Според студија од 2014 година, во градот има околу 2.5 милиони стаорци.

Во обид да се најде решение за стаорците, градската управа направила договор за соработка со неколку десетици дресери на кучиња, кои секој петок навечер излегуваат со своите териери и одат во лов на стаорци по њујоршките улици.

Кучешката „специјална единица“ е составена од членови на здужението R.A.T.S. (Ryder’s Alley Trencher-fed Society), кое обединува љубители на териери и дресери од Њујорк и Њу Џерси. Еве како изгледа една нивна „акција“:

Помошта на њујоршките ловци на стаорци, според властите, била посебно важна за време на минатогодишните карантини поради коронавирусот, кога затворањето на илјадници ресторани во метрополата ги оставило без храна стаорците, а тие поради тоа станале поагресивни.

За многумина е непознат фактот дека териерите се кучешка раса одгледана за истребување на штетници, особено стаорци и глувци. Во Велика Британија тие и денес се користат за организирани акции за чистење на земјоделските површини, во време на поголеми наезди на стаорци.

Ваквиот начин на контрола на штетниците го критикуваат здруженијата за заштита на животните, а според приврзаниците на ловот на стаорци со помош на кучиња, тоа е еколошки издржан начин за дератизација, без користење на отрови и други хемиски средства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Хрватска го доби соседското дерби, Србија со несреќен автогол во финишот остана без победата во Даблин

Следно

Нова сензација на УС Опен: Тинејџерката Фернандез продолжува да го живее сонот, ќе игра во полуфиналето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian