ВИДЕО: Пожарникарите во близина на Задар ги заштитија куќите

1 min read

Според утринските информации, пожарникарите успеале да ги заштитат куќите од пожар во близина на Рашанац, недалеку од Задар.

Шумски пожар вчера изби кај селото Ражанац во близина на хрватскиот приморски град Задар и зафати голема површина, а во борбата против огнената стихија се ангажирани стотици пожарникари.

Синоќа, сите достапни јавни противпожарни бригади и компании од округот Задар беа на лице место.

На драматичните снимки кои се споделуваат на социјалните мрежи, се гледа како огнот го осветлува небото над Задар, додека противпожарните служби од повеќе околни градови со сите сили се обидуваат да спречат пожарот да ги зафати куќите во малото село Стоиќи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

100 години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека: Кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот

Следно

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на „УС Опен“

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian