ВИДЕО: Ограбена златарница во Париз, украден накит вреден 10 милиони евра

1 min read

Вооружени разбојници провалиле во златарницата „Булгари“ на луксузниот плоштад „Вандом“ во Париз и украле накит вреден 10 милиони евра, соопшти полицијата.

Тројца вооружени лица и маскирани лица ја ограбиле неодамна реновирана продавница за накит на плоштад во центарот на Париз, во близина на хотелот Риц, нешто пред пладне.

Тројцата разбојници избегале со автомобил, а четворицата кои им помагале избегале со скутери. Принудени да го напуштат возилото, тројцата побегнале пеш, пред да бидат уапсени од полицијата.
И други продавници со скапоцен накит во Париз, исто така, биле цел на разбојници во последните месеци.

Во јули, накит во вредност од речиси 2 милиони евра била украдена од златарницата „Шаум“ во близина на Елисејските полиња, иако пленот подоцна бил пронајден, а осомничените уапсени

Крадците исто така во јули годинава , ја нападнале златарницата Дин Ван во центарот на Париз

Историскиот плоштад Плас Вендом се смета за срцето на францускиот луксуз.„ Шанел“ (Chanel), Бошерон (Boucheron)имаат свои престижни продавници на овој плоштад.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алил Џаферовски по повод 30 години независност: Го следевме вековниот сон на нашите претци

Следно

ВМРО-ДПМНЕ пак ќе го блокира Собранието ако власта не се откаже од планот за 15 закони со европско знаменце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian