Веселин Вујовиќ со порака до верните навивачи на Вардар

1 min read

Како што известуваат од ракометниот клуб Вардар 1961, продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година.

А потоа доколку има слободни билети, ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од Лигата на шампионите и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Како што е веќе познато, поради позитивен случај на ковид-19 во редовите на „црвено-црните“, двократниот европски првак предводен од тренерот Веселин Вујовиќ не настапи на Ф4 турнирот во СЕХА кој се одржа во Задар, Хрватска.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Токму Вујовиќ има порака за верните навивачи на Вардар:

– Еве зад мене гледате празна сала, поминаа скоро две години што Вардар игра пред празни трибини. Во тек е продажбата на влезниците за новата сезона.

Ве замолувам што побрзо да си обезбедите билет, да дојдете, да навивате и му дадете поддршка на Вардар. Без вас Вардар не е Вардар – вели Вујовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: 14 илјади вакцинирани за 24 часа

Следно

Во Скопје ќе се одржи првиот меморијален турнир во чест на „Драган Василов – Цевка“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian