Вардар има нов спортски директор – Александар Бајевски

1 min read

Поранешниот фудбалер Александар Бајевски е нов спортски директор на Вардар, објавија „црвено-црните“.

Бајевски е вистинска легенда на Вардар кој ја доби можноста да го предводи најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија во моментите кога клубот игра во втората лига и кога клубот го презеде Блу Скај Инвестментс.

Бајевски во играчката кариера покрај Вардар има настапувано и за за ОФК Београд во Србија, Ѓер и Ференцварош во Унгарија, Горник Лечна во Полска, белгиски Мехелен и катарски Ал Ахли, а има и пет настапи за македонската репрезентација.

„ Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на Вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа“, објави Вардар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стојан Андов по повод 30 години независност: Клучна беше поддршката од САД

Следно

Во кумановската болница хоспитализирани 80 пациенти, 50-тина се лекуваат од ковид-19 во дневна болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian