Талибанците отворија оган на анти-пакистанските протести

1 min read

Талибанците денеска отворија оган за да ги растераат антипакистанските протести во главниот град Кабул, објави телевизијата ТОЛО.

Според извештајот на таа телевизија, стотици луѓе утрово излегоа на улиците во Кабул, пренесува Тасс.

Претходно медиумите објавија дека пакистанските сили им помогнале на талибанците да го освојат Паншир, последната провинција што им се спротивставила до вчера.

Како што е наведено, Пакистан им обезбеди на Талибанците воздушна поддршка и специјални сили кои паднаа со падобран.

По неколкудневните интензивни борби и големи загуби на двете страни, Талибанците во понеделникот прогласија победа, иако силите на Националниот фронт за отпор го негираа поразот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во изминативе 24 часа нема починати од ковид-19 во тетовската болница

Следно

Само што почна електронскиот попис, веднаш го хакираа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian