Талибанците ги запреа авионите за евакуација; стотици луѓе сакаат да ја напуштат земјата- САД негираат

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги демантираше наводите на одредени американски медиуми дека Талибанците држат во заложништво луѓе кои сакале да го напуштат Авганистан.

Министерот за надворешни работи на САД е во посета на Катар, каде ги коментираше наводите дека Талибанците не дозволуваат авионите за евакуација да летаат од Кабул, и дека држат во заробеништво луѓе кои имале намера да го напуштат Авганистан.

Блинкен рече дека не знае дза ваква ситуација која доколку е вистинита тогаш може да се смета како еден вид заложничка криза.

 

 

„Според достапните информации Талибанците ги пуштаат луѓето со валидни документи да ја напуштат земјата но дека луѓето кои немаат такви документ стојат и не сакаат да се тргнат од авионската писта.Тоа значи дека на авионите не им е дозволено да полетаат бидејќи сите овие луѓе се собрани на едно место и го попречуваат слетувањето и полетувањето на авионите “, рече Блинкен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски: Ќе не биде и во идните 30 и во идните 300 години

Следно

Талибанците ги запреа авионите за евакуација: Стотици луѓе сакаат да ја напуштат земјата, САД негираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian