Скандал: Таравари го напаѓа граѓанското општество која ја осудува неговата неспособност

1 min read

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денес изјави дека Граѓанската иницијатива што се активира под името „Гостивар кој го сакам“, треба јавно да каже дека одработува кампања за ДУИ и дека нивни членови ќе бидат на советничката листа на ДУИ. „Нека кажат јавно дека се дел од кампањата на ДУИ и дека ќе бидат ставени на листата за советници од таа партија на изборите. Се прашувам зошто не направат прес конференција пред болницата во Гостивар, за да ги искажат проблемите на пациентите кои таму се лекуваат, има проблеми со кислородот, лекови, хигиената е во катастрофална состојба. На таков начин ќе покаже иницијативата дека е граѓанска, а не партиска.“, рече Таравари.

Во однос на петицијата која Иницијативата ја покренува за кучињата скитници, градоначалникот рече дека Општина Гостивар има преземено повеќе мерки и направено многу повеќе од други општини во однос на тоа прашање.    „Имаме направено многу за решавање на проблемот со кучињата скитници, отворвме два стационари. Тие велат дека стационарите во Гостивар не функционираат, но не е така, само во овој период се прави пауза заради препорака на надлежни институции кои даваат насока дека летниот период не се препорачува за третман на кучиња. Наскоро повторно ќе почнеме со третирање на кучињата“,  рече градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Пендаровски до Бајден: Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат

Следно

Повик за регистрација на публика на манифестацијата 8 Септември – 30 години независност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian