Симеон Саксобурготски го доби спорот против Бугарија: Стразбур вели дека може да располага со царските имоти

2 mins read

Симеон Саксобурготски ја тужеше и го доби спорот против државата Бугарија во Стразбур поради мораториумот што е наметнат врз неговите имоти уште во 2009 година, информира Lex.bg.

На наследникот на некогашниот бугарски престол и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, од 2009 година му е забрането да располага и користи тие имоти.

Европскиот суд за човекови права досуди дека државата Бугарија му го нарушила правото на сопственост на Саксобурготски и ѝ нареди на државата на праведен начин за шест месеци да направи спогодба за обесштетување поради сторената материјална штета.

Инаку, мораториумот на некогашните царски имоти е на сила веќе 12 години и сѐ уште не укинат, Се однесува на сите имоти кои му беа вратени на Саксобурготски и неговото семејство по падот на комунистичкиот режим.

Имотите биле одземени од наследниците на Борис III  и Фердинанд уште во 1946 година кога царското семејство побенало од Бугарија, а една година подоцна е донесен закон за прогласување на царските имоти, движни и недвижни, за државна сопственост.

Во 1998 година во времето на владата на Иван Костов законот за конфискација е укинат од страна на Уставниот суд на Бугарија и врз основа на таа одлука дека законот од 1947 година е противуставен Симеон Саксобурготски и сестра му Марија Луиза поднесуваат барање за враќање на имотите.

Владението врз имотите е ставено под мораториум за да се преиспита дали тие царски имоти припаѓаат на наследниците или на државата во 2009 година кога на власт доаѓа партијата ГЕРБ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДЗС: На пожарот во Галичица се случија детонации од неексплодирани средства заостанати од Првата и Втотрата светска војна

Следно

За 48 часа попишани се 136.773 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian