Шведска ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки против Ковид

2 mins read

Шведска ќе ги укине речиси сите преостанати епидемиолошки мерки на 29 септември поради високите стапки на имунизација и ниските стапки на смртност, објави министерката за јавно здравје и социјална заштита Лена Халенгрен

Одлуката за укинување на вподлго време ублажените мерки се како резултат на високата стапка на имунизација и ниска стапка на смртност од ковид.

До 7 септември, 70 проценти од возрасната популација во Шведска примиле две дози од вакцината, а вкупно 81,6 проценти од граѓаните над 18 години добиле барем една доза, објави порталот Индекс.

Шведска има трета најниска стапка на смртност од ковид во Европа во последните две недели, по Лихтенштајн и Словачка, состојба која константно трае од почетокот на летото.

„Благодарение на успешната кампања за вакцинација, изминавме долг пат и сега нашето општество е во подобра ситуација. Затоа правиме чекор кон нормален секојдневен живот, кон заедница во која нема да има ограничувања. Проценивме дека ограничувањата имаат мал ефект врз контролата на инфекцијата. Во моментов, важно е да се зголеми стапката на вакцинација “, рече Халенгрен.

Од 29 септември, нема да има повеќе ограничувања за бројот на учесници на јавни собири, како што се концерти или натпревари.

Од 15 мај, бројот на учесници беше ограничен на 3.000 на отворено и 300 во затворен простор. Укинати се и ограничувањата за приватни собири во затворени простории, на кои досега не можеа да присуствуваат повеќе од 50 луѓе, соопшти шведската влада.

Најизненадувачки е повлекувањето на препораката за работа од дома, што значи дека многу компании, јавни и државни институции ќе ги поканат вработените да се вратат во своите канцеларии по една и пол година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Куман сепак не е сигурен на клупата на Барселона, познато е кој ќе биде негов наследник

Следно

(ФОТО) Приказна со среќен крај: Алпинисти и пожарникари од Валандово и Демир Капија спасија куче од водите на Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian