Москва се уште не донела одлука за признавање на Талибанците, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Знаете дека досега не се донесени одлуки за признавање на Талибанците. Знаете и дека внимателно го следиме она што се случува таму. „Најважно, ние се обидуваме да разбереме до кој степен ветувањата и изјавите на Талибанците ќе бидат во корелација со нивните идни дејствија“, рече Песков, коментирајќи ја поканата на Талибанците до Русија да учествува на церемонијата на претставување на новата авганистанска влада.
Песков нагласи дека е важно Москва да разбере како би изгледал политичкиот систем во Кабул под Талибанците „во системска и лична смисла“, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Талибанците вчера изјави дека Талибанците ја поканиле Русија, но и Турција, Кина, Иран, Пакистан и Катар да учествуваат на церемонијата на инаугурација на новата авганистанска влада. Талибанците започнаа масовна операција за воспоставување контрола над Авганистан, откако Соединетите држави ја објавија својата намера да ги повлечат своите вооружени сили на 15 август во пролет.
Во меѓувреме, авганистанскиот претседател Ашраф Гани поднесе оставка и ја напушти земјата.
Талибанците влегоа во Кабул без никаков отпор, а водачите на тоа движење прогласија целосна победа.