Роналдо предупредува: И „галактикоси“ беа фаворити, па не ја освоија Лигата на шампионите

1 min read

Легендарниот бразилски ас Роналдо проговори за моменталната ситуација во европскиот клупски фудбал.

ПСЖ направи страшен тим ова лето, ги донесоа Меси, Донарума, Хакими, Рамос, Мендеш, Переира и Вајналдум, и успеаја да ја задржат младата ѕвезда Килијан Мбапе.

Многумина веруваат дека Парижаните се апсолутни фаворити за освојување на Лигата на шампионите и дека во моментов не постои тим во Европа што може да им застане на патот.

Но, Роналдо во интервјуто за „DAZN“ истакнува дека победникот не се добива со математиката и дека „на хартија“ најсилниот тим не стигнува секогаш до трофејот.

– Прерано е да се зборува за тоа кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Вистинското започнува во четвртфиналето. ПСЖ е број еден, но едно е приказна, а друго игра. Многу фактори влијаат. Играв за Реал пет години, бевме „галактикоси“, а не ја освоивме Лигата на шампионите. Победникот не го решава математиката, а тоа само затоа што некој го има најдобриот тим, не значи дека ќе биде и најдобриот – предупредува Роналдо.

Многумина го споредуваат Килијан Мбапе со легендарниот Роналдо.

– Да, тој има слични карактеристики. Го има тој необичен квалитет да ја комбинира врвната техника со брзината. Тој прави сè во трката, тоа е реткост. Тој е млад, и направи многу. Ми се допаѓа – вели Бразилецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Избирачкиот список увид направиле речиси 13 илјади граѓани, рокот завршува во четврток

Следно

Д-р Пајазити: Паѓа бројот на новозаразени, вакцинација причина за подобрување на состојбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian