Романците очекуваат тежок натпревар: Пандев ќе ви недостасува, со новиот селектор Македонија игра побрзо

2 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (20.45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ ги продолжува настапите во квалификациите за СП 2022 година кое ќе се одржи во Катар.

Противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Романија која во првата пресметка од квалификациите славеше со 3:2, но селекторот Мирел Радои и дефанзивецот Влад Кирикеш очекуваат уште еден тежок и незвесен натпревар.

Радои има големи проблеми со составот бидејќи Јанис Хаџи е позитивен на коронавиру и нема да игра утре, а надвор од комбинација ќе бидат и Алибек, Танасе, Драгуш и Ротариу, и очекува тежок натпревар против Македонија која според него игра побрзо со новиот селектор Благоја Милевски.
– Ова ќе биде поинаков натпревар од тој во март и ќе биде многу потежок. Македонија го смени селекторот, го смени системот, сега е поагресивна без топка, многу побрза во транзиција, и многу поквалитетна. Плус што се одлични во поседот на топка. Исто така, играчите се многу поспремни и побрзи од она што го гледавме од нив во Букурешт. Ако треба некого да издвоја, тоа се Барди и Елмас, на кои ќе мораме посебно да внимаваме – вели Радои.

Според дефанзивецот Влад Кирикеш, Македонија многу загуби со заминувањето во репрезентативна пензија на Горан Пандев, но од друга страна репрезентацијата е посилна.
– Мислам дека со замнинувањето на Пандев Македонија загуби многу, тој е феноменален играч. Но, како што рече селекторот сега се далеку подобра група, посилно како колектив далеку поорганизирани. Токму поради тоа мислам дека не очекува потежок меч од оној во Букурешт – изјави Кирикеш на прес-конференцијата во Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пех за Романците, еден од најдобрите играчи е позитивен на коронавирус

Следно

Стојан Андов по повод 30 години независност: Клучна беше поддршката од САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian