Челниците на КК Работнички реагираат по одлуката на турнирот кој наредните денови ќе се одржи во чест на прерано починатиот Драган Василов – Цевка, да не учествуваат и тие.
Турнирот кој ќе започне задутре ќе учествуваат екипите на Црвена Звезда, МЗТ Скопје, Вардар, Реал Гуровиќ Академија од Србија, Академик Пловдив, Слован Љубљана, Шопрон и Клуж а.
Цевка речиси целата своја кариера ја помина токму во тимот на Работнички, и поради тоа управата на центарци реагира со соопштение кое ви го пренесуваме во целост.
„Сакаме, пред се, да ја поздравиме и поддржиме одлуката да се направи турнир во чест на прерано починатиот Драган Василов Цефка.
Сепак, сметаме дека е огромен пропуст тоа што на овој меѓународен турнир не е поканет и клубот во кој Цефка ја помина речиси целата своја тренерска кариера. Каде беше тренер на преку 1000 момчиња на возраст од 14 па се до 18 години.
Низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сè од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловси. Сите во времето кога Цефка беше во Работнички.
Бараме федерацијата и Oпштина Аеродром да ни обjаснат која е причината поради која Работнички и неговите У16 ТИМ не добија покана на овој турнир на кој му се оддава чест на нашиот ЦЕФКА!“, стои во соопштението на КК Работнички.